загрми (св.)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јурнаа напред сите четиристотини востаници со еленска брзина, но во тој момент сета гора загрме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не мина многу време и во анот загрме чалгијата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мажот Косров седел на столот и загрмел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зад нас загрме силен свиреж, како карање или пцуење, веројатно затоа што возим по средината на улицата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Ми текна!“ загрме вујко Ејнар и високо потскокна со заглушувачко трескање на крилјата. „Деца! Деца, така ве сакам!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од кај Статица, каде веќе беа сместени шест батерии противничка артилерија - загрме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Како така“, загрмеа протестни гласови, „сите видовме дека таа дојде последна!?“
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во миговен молк чув како надвор светна и загрме.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)