загубен прид.
загуби св.

загубен (прид.)

Темнината живее во далечината бесшумна и загубена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој мораше да им го врати загубеното достоинство на своите две раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сметам дека времето на загубените вредности Мој Императоре продолжува да живурка:
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Марко ја наведна главата и гледаше пред себе скаменето и загубено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еднаш ќе исчезнам во сенките на твојата пена Ќе се вратиме во коренот на големата билка Има цутови загубени огнови на летните ноќи трагачи на добрата утока на утрото Има цутови одвај исправени над своите болести.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Продолжуваше да живее во нас сликата за загубената мода од една далечна италијанска пролет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А таквата помисла за заскитаноста или за загубеноста ми наиде кога во аголот на собата, во мрежа обесена на ѕидот, забележав зелка и неколку моркови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден војник свиреше на кавалче, едно загубено теле рикаше од преку река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Историските околности неминовно водеа до загубувањето на Србија за Бугарија во корист на Немањиќевците и на српството, прво во политички, а после и во национален однос; а историските околности создадени од Берлинскиот договор направија Македонија да биде загубена за Бугарите, прво во политички однос, а после и во национален.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Низ тенката есенска магла небото трага по загубените ѕвезди. На брегот расте лековито билје, Патнику.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мала белина најпосле, во еден таков докрај загубен ден, небото одлета нагоре и стана бело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе