задишан прид.
задише св.

задишан (прид.)

Не било пишано, велам, сѐ требало да е и на друго место запишано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога децата трчајќи ѝ задишани влегоа в село, луѓето се чудеа што станало и прашуваа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеше многу бавно и секогаш застанувајќи за да си ја смири заздишаноста, внимаваше на секое шушкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Внукот му се одѕва од горниот крај на Заветна, а потоа само за минутка, задишан, палав и весел се најде пред деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мене зјапаа чудни и искривени лица, задишани и испотени од дневната брзаница. Егзибиционизам?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Очите им беа матни како да чадеа од под клепките; над и под таа задименост се наслутуваа првите брчки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа ладна белина зрачи топлина во моите задишени плешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го дигаше на раце и го враќаше назад и тогаш за едно извесно време и двајцата ќе беа задоволни и заздишени, а срнчето продолжуваше да го прогонува и да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко истрча, и првпат во животот го виде оној старец испотен и заздишен. Блед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во искривена линија, чекор в чекор и еден зад друг одат наведнати, задишани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш однекаде задишена пристигна и вујна ми Кола заедно со братучетки ми, Стојна и Мара, моите мили братучетки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе