задутре прил.

задутре (прил.)

Така преку цел ден, така утре, задутре, цела недела... Мајка му почна да мисли нешто. Три тегли мармалад се испразнија.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Ама не само заради балерина. Задутре ќе станеш ученичка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ами, ако е и утре вака, ами, ако е и задутре?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Проклет да бидам, ако не го видат денеска, ќе го видат утре, задутре, тие се неуморни во тоа, ќе го надушат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стига и да помислам: зошто животот од вчера да не ни се случи и задутре - па сѐ во мене да пламне од сиво во розово.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Јас сум маскирана, - си мисли таа, - утре или задутре баронот ќе ме замени со Nadine и ќе ми го земе сето тоа“... *
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Задутре е први септември, тргнуваш на училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ЈАКОВ: Имам извесни надежи дури од задутре.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А мувлет, реков, ти давам, од денес до задутре, два дена и три ноќи!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И кој знае дали утре или задутре нема да ни обесат попогрдни имиња и да ги плашат со нас сопствените рожби?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ништо, - ѝ велам, - утре, задутре ќе добиеш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)