зазбори (св.)
Долго го молеа да им зазбори, но ништо не помагаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Шетам околу костените, ја кревам главата угоре, барам, ама нигде да ги здогледам оние што пеат – сака да ме зазбори Кадрија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку потребата да се појави за да ме зазбори и овојпат Привидот ја оправдува со една моја забелешка, што божем негде ја имам речено (а којзнае што сум рекол и што му било пренесено!).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дури и гласот на новата личност која се обидува да ме зазбори е без глуви празнини помеѓу зборовите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)