заитан (прид.)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се разминуваше со заитаните минувачи, им се вѕираше во лицата на Непознатиот од платното.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Да го завртам низ скопскиот кеј, слушајќи го крцкањето на паднатото лисје под заитаните тркала.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)