заличи (св.)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми заличи на изненадено дете кога ќе ја здогледа саканата играчка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми заличе на пеперуга залепена со целофан на лист од хербариум.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И повтор предметите на себеси заличија А синиот пламен од плинот под ѓезвето не личеше веќе на оган од летечка чинија.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дали пештерата им заличува на масовна гробница?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Уште само 200 бразилки да увезат и Скопје може да заличи на Рио де Женеиро.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Разулавените граѓани рушеа сѐ што беше златно, па градот заличе на град нападнат од диви непријателски орди.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Салонот заличи на дупка пештерска низ која водопадната струја распрскува, шприца насекаде. Убавицата свампиросува.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гледам. Модрата планина навистина ми заличува на море.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Му заличил на нечистиот и го зел за модел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Чаршијата за половина час заличила на пустина. Занаетчиството и трговијата престанале да функционираат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сѐ повеќе и повеќе заличувала на фреска која оди, исчадена и потемнета од времето, од годините.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе се извардам пак наоколу, вели, и полето одново ќе ми заличи на нашено, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Окитот ги заличи годините и зимата нема а немирна во мислата: каде Окитот ги заличи надите и овие раце израснати од барање во застани: каде Окитот ги заличи спомените на една зима мраз зима страв па сепак: каде каде
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се изжалува и се издавува во себе изговорливото свирење; завива кавалот, се потсмирува и заличува на шумолење на зрело пченично класје, се разбранува како немирен лет на сокол, се шири, ту паѓа, ту се подига, разбранува, согорува, истиснува солзи и незапирливо тече, лета кон домашните прагови, кон кратките љубовни мигови, топлите и незаборавни скришни бакнежи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И јас заличив на инженер, облечен во виндјакна, со чевли планински, со повисоко грло, и со една капа со сенчило, која понекогаш ја ставав, а понекогаш ја вадев.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)