заложба (ж.)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во овој роман, со мемоаристички акценти и со силни автобиографски слоеви пулсира една основна заложба или идеја, имено: помирување на разликите!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ваквата ревносна посветеност на политичките и бизнис елити кон создавање на претприемничка клима која дополнително треба да ги привлече странските директни инвеститори е секако на линија со дводецениската заложба на сите досегашни влади во нивните обиди за беспоговорно прифаќање на диктираните механизми за економска 1 Карл Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 134. 7 консолидација и конечно приближување до западниот стандард.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во прилог на таквата негова заложба, Христов, меѓу другото одржал говор во кој ја истакнал искривената слика во Америка за имигрантите и потребата за нивна американизација што се одвивала преку процесот („казанот“) на претопувањето (melting pot): Ние (јас и мојата сопруга) дојдовме овде во Вермонт во 1938 година.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа заложба има тежина на жив пример, има едно прличевско рамниште, т.е. достоинственост на сведоштво и ефект на јасна формулација.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Правописот на македонскиот јазик (2015) претставува вистински советник во пишувањето, особено ако се земе предвид дека македонскиот јазик ја помина фазата на стандардизација на лексиката, па со извесна временска дистанција може да се согледа кои зборови не отстапиле и покрај заложбите на нормата во таа насока.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)