залуден (прид.)
Зашто започне ли неверството
саможивата фатаморгана
отцепувањето на душата од обликот
го отне ли меморијата својот демонски вртлог
во тебе можеби ќе се пресели, божем привид
птицата која се успива врз крстот на бескрајот
далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува
како за живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не растевте од нејзиното срце во очите од мермер не ја вселивте залудноста на своето пролетно ‘ртење Бевте немоќни. Оставивте сама да умира.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тој луфт, тој циркуски неон
и сега не се познава каде е
мојот живот, мојата скриена фалинка
не сум крив јас
виновни се оние кои веруваа
полесно ми беше да бидам неограничен
во слободата да грешам, одошто да сакам
ја имав секоја имајќи ја безличната
жена, не груба, не глупа, не грда
напросто ефемерна
бришаниот простор ме плаши, не празниот
ѕвездената прашинка која светка под папокот
на мојата скокотлива куртизана, судбината
мојот детски инат, залудното препознавање
во сѐ што не сум јас
зар не сум доволно смртен
за да бидам и жив, и со себеси соочен
зар јас ќе го напуштам светот
не тој мене, мила моја!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Пред некој ден пак ми се јавува залудниот баџанак, којшто очигледно фатил дебела бусија во некоја скопска биртија, па ме кани да му се придружам преку два континента.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Минско поле да се направи од моите залудни ерекции.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Правев гаргара со новитетите, општев со залудноста.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ме измиваат твоите дождови. Дрвјата плачат во залудениот театар на природата.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Во него се мешаат несекливоста на копнежот и залудноста на штирата пролет.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Само
отров на куќниот праг
ситен прашок компирова златица
зрнца солна киселина, пипс и питроид:
само безброј залудни барикади
затворени прозорци
јарко сонце:
само споменот на Елизабета
и египетско-римската сценографија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се обидов еднаш или двапати да го одвратам од таа тешка и залудна работа, но тој не ме послуша.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Истоштениот човек се тетерави за да работи таму каде што секоја работа е залудна, а навалата на просечност сѐ опфаќа...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Зарем веќе! Седеше тивко како глувче, во залудна надеж дека кој и да е на вратата ќе си замине по првиот обид.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Разочарувањето поради залудната и сѐ поскапа војна против дрогата поттикна голем број на угледни, конзервативни личности да се заложат за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да си го устроите духот со суштината и елементите на пропаста е уште една залудност, во која неизоставно се губи етичката дистанца и си ја прикачувате јамката на деструктивноста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Таа христијанска и модерна идеја е една залудна и надуена мисла.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Залудноста на овој долг марш низ снегот, студенилото на зимата околу него, безнадежноста на оружјето со кое беше натоварен и, на крај, самотијата среде шумата – сите овие чувства како сега одеднаш да му отворија некаква дупка во душата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Фетусот е гладен. Залудни сигнали; вселена во мевот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)