замае (св.)

Го викаат ,Лаопланос", оти ги маѓепсува луѓето, ги замајува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крвта лудува, шуми во ушите и замајува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ти го скокотка носот, те занесува, те замајува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа знаеше дека тој мирис ме опијанува (често велеше, ми шепотеше: „нема ливада, нема градина, нема планина што ќе те замае како, како, како…“ и со таква увереност со прстите од двете раце се шеташе низ мојата коса, ми ја расчепкуваше и ми ја мазнеше, а потоа ги спушташе дланките под раскопчаната кошула, фаќајќи ме за раменици и притискајќи ме во себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ем поголемо задоволство, ем не се замајуваш со разни шовинистички тикви.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Огнена вода со која каубојците ги замајувале Индијанците (за да си ги сочуваат скалповите).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)