занает (м.)

Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Иако не беше седнат уште ниеднаш со мајсторите на скелето да ѕида, тој го имаше така научено мајсторскиот занает што немаше работа којашто сам не би можел да ја сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој женски ред-занаети со сновалка ѝ даде и тоа беше негов дар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Често од тоа умираме ние кои го работиме овој занает.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сакам да ме подучиш на Занаетот. Крај тебе сакам да го поминам патот што води до Каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А занаетите не изумираат сѐ дури има некој како Вероника која ги негува уште од својот зачеток.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние што од колено на колено учеле еден занает, а на овчарите им се забранува да бидат и натаму овчари – работа што никој друг подобро од нив не ја познаваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крзнарството во Костур беше најстариот занает и само Костурчани со султански ферман имале право да бидат крзнари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татковиот занает не го привлекува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така, како и секој почетник почна да го пече занаетот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не знам некој друг работа, ами вие сакате мене да лажите на мојот занает?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Филигранството или кујунџиството претставува вид уметнички занает, кој најдолго го одржува во живот живиот дух на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќе