заоблачи (св.)
Отаде Голем Град малку се заоблачило и фатило да врне колку да се стори божилак.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, се заоблачи, побратиме, — му вели Мисирлијата на Трајка Ташков, кога ја видоа Илковица крај црквата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)