запетла (св.)
Го кревам огледалото за да си ја соберам косата, да ја запетлам и се вртам кон онаа страна од кај што ме огрева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гимназистите си дојдоа од Прилеп во градски алишта: палта запетлани до гуша со жолти петлици, пантолони со широки ногавици и нови углеисани фесови со нови пискулчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гледам јас горе, па гледам долу во нозете, во чевлињата, не сум ја прашал кој ѝ ги купил чевлињата со жапчиња што се запетлуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој само мрдна со главата, како кога сакаме да кажеме па, може и да е така, ја крена десната рака и се обиде да го запетла отпетланиот ракав, но се сети дека му ја нема петлицата и пак ја спушти раката долу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И жената, клап, ја обесува главата, ги отвора прстите запетлани околу нозете на Гајта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Левиот ракав не му беше запетлан, ја немаше петлицата, та висеше отворен надолу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пред тоа ја видел само како ја поднаместува пушката во скутот, како посигнува во пазувата и како потоа ја запетлува кошулата на градите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)