заповед (ж.)
Неговата работа дотука беше и тој ја сврши според заповедта од султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Колку што е познато само во еден од манифестите Поетот спомнува дека во неговото кнежество нема место за желбите и заповедите на Владарот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вчера пред сите партизани прочитаа заповед со која ме пофалија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето!
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Откога се изнајале сите арно убаво од жаби, се дало заповед од Аџијата и сите летнале и се извишиле наугоре дури до облаци.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
До вечера сакам парите на рака, или давам заповед на сејмените да запалат селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Онака како што прават специјалците во очекување на заповед да ги нападнат голораките граѓани на претседателот, од благодарност за дадената доверба.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се борев со сите сили да останам доследна на својата карма. Сѐ на сѐ, зборот Божји е моја заповед.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа беа моите први мајсторски дела направени по заповед на командантот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа е лична заповед на генерал Деникин и јас ни мртов не сум спремен да ја погазам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не бил одмаздник, тоа секако го сторил по нечија заповед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Втасаа и другите аскери, та и чаушот; го распраша кај оди, и кога чаушот го позна кој е, го пушти со заповед да се враќа побргу, да не замркне во планината или да не ги најде комитите, та и тој да стане комита.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече: „Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Благодарејќи на козите, козарите тие ќе се осмелат да им се противстават на партиските комунистички власти, на нивните заповеди да ги напуштат козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)