заседа (ж.)

Денес многу човечки ми се чинат оние негови храбрења и довикувања по мачниот пробив од октомвриската заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заседите на претпоставките за непознатиот дел на неговиот живот демнеа од секоја куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истата онаа заседа на која требало да наиде нашата бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од заседа му се препуштаме на сонот Слекувајќи ја од себе Баналноста на животот. Се подготвуваме за новиот ден.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На овој пат двапати нагазивме на заседи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тајните израелски служби се информирани за неговото присуство во Палестина. Му подготвуваат заседа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нагазивме на бугарска заседа. Некои фрлаат бомби и бегаат, ама и Бугарите не дошле тука за да садат пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но многу брзо случајот се разјасни. Курирот наишол на заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го жалеше Ивана и се чувствуваше како виновник за она што можеше да му биде заседа од тој поп-непоп со јоргованести лузни на голата јака черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под неговата закрила Глигор итро ги избегнува заседите и преследувањата на пустинската полиција.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само пропуштените шанси чекаат во заседа втори. Другите се борат за првата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Дури и кога нема да знае, од заседа, нов талент на вратите тропа,излез креира, сопствена судба, сопствен живот, паметен човек режира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не стебла - карпи од неплодна земја, три лути заседи, синови туѓи на туѓинецот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе