затетерави (св.)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Забрзани чекори го затетеравија низ дворот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Онисифор Мечкојад ја бутнал вратата со нога (светецот се затетеравил од ударот, копитото на коњот се допреле до аждерот) и влегол во одајче претесно и за џуџе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Одби ти, ти...“ се затетерави слегејќи ги со бел поглед начнатите полумесечини во неговите очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога закопувавме една жена, на нејзината ќерка ѝ падна тешко, ѝ се зеде свеста, се затетерави и запаѓа на кај гробот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тогаш и дебелиот се затетерави по неговата сенка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Брат ми се затетерави и почна да повраќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се затетеравува. Колачот паѓа. Се крши.) МАРИЈА: Оф леле!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Неговото безживотно тело се затетерави низ коритото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Сликарот се затетерави, се пласна наземи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)