затечен (прид.)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нѐ туркаат и нѐ носат со себе, како да сме зрнца песок, случајно затечени на патот на зазбивтаната вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И затечените старички и старчиња кои чекаат на ред да се прекрстат пред Богородица, се крстат и шепотат молитви пред да се тргне Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Забраната за вршење на работа, доколку работодавачот не ја плати глобата (во предвидениот рок) или не заснова работен однос со затечените лица, се намали од 60 на 15 дена, а за ваквото противправно поведение инспекторот на трудот поднесува барање за поведување на прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со тоа уште на почетокот на едно среќавање е воспоставена доверба, почитување, па и новодојдениот и затечените се чувствуваат слободно, убаво, човечки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Како напредува Алексеј?“, прашувам јас, најмногу за да ги одложам непријатните нешта или да го свртам разговорот кон помирни води; сѐ ми се чинеше дека татко ти е затечен, можеби и збунет од посетата но и од директниот настап на Иван Степанович па смислуваше некои објаснувања во врска со оној проклет Корпус, но не сака што се вели прекутрупа и необмислено да истапи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека Боге и Кате, затечени во ново сознание кое пред да ги расветли ги заслепи, само се погледнуваа и молчеа, Маре се преташе во прашањата сама што си ги поставуваше како стапица: - Значи, си им бил џандар. - Ако сакаш, и така речи го.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
(Отчепената возбуденост што се ќе ти изнарече за утрото по затечената в снег пролетна вечер!)
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Да не сме згрешиле случајно во мерката; или нејзините врснички и смртта ја користат за да се прикажат млади девојчиња, случајно затечени од смртта?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)