зацврчи (св.)
Жарчето како падната ѕвезда светна меѓу снегулките и, гаснејќи се, зацврчка во водата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Снегот зацврчка од згаснатата жар и се крена пареа, од што кучињата исплашено отстапија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Жолтото месо на тутунот зацврче и умре во црна облека. „Морав, докторе. Простете“, погледна кон вратата Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)