зацрвени св.

зацрвени (св.)

Ќе се зацрвенеше и не можеше да престане.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога еднаш мајка ѝ рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка ѝ која сакаше да ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Очите ми се обвиени во црно, а усните зацрвенети од копнеж по тебе, љубовта ми тече брзо низ вените и како отров ме гризе одвнатре, ме боли.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Секое трнче и поточе, секое лединче кај што сме седнале, јаготките што се зацрвениле како детски обравчиња на студ...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И погачи донесоа подлеани со јајце одозгора и со дупчиња на корката, зацрвенета ко жар, ко сушно лето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војниците што излегуваат од реката потскокнуваат на песокта, а сонцето им ги брише капките, им ја зацрвенува кожата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пукаат и пеат, а устите им се зацрвениле, како да имаат неизбришани капки вино.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми е зацрвенето, како изгрев од магличава шумичка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам дали од некоја светлинка во виното, Левтерија ми стои зацрвенета во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сириецот се испулува со зацрвенетите, тркалезни очи: - Кажуваа дека во коњот влегла душата на измачениот Евреин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Девојките зацрвенети се поклонија, насмевнаа и пружија рака.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Патлиџаните тогаш ги јадевме така, зелени. Не чекавме да се зацрвенат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни подбелува месото над коските, ни зацрвенува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите му солзат, носот му се замрсулавил, лицето му се зацрвенило, заедно со ушите. Дури му помодрува. И само напнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред него трговците живо гестикулираа, попот, зацрвенет, истураше навреди и клетви, а тој, од својот скриен агол, мирно ги набљудуваше како смешни, несмасни кукли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе