збива несв.

збива (несв.)

Затоа Константин е можеби повеќе напрегнат додека го слуша збивањето на другиот и со слух може да пресмета колку е тој оддалечен од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само одиме и збиваме со душата в заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речиси осеќаш дека и смртта седи со нас: и таа збива предишана од трчање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ι Со лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Збиваме и си го преземаме дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Локал, кинел со заби, збивал и не слушал дека неговиот втор син (првиот го барал одметникот татко по планинската непроодност) нечујно му се доближувал од зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повраќам да не останал некој во долот, а таму легнал Ставрос и збива ли збива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Збива и слуша исто такво збивање во нив не јачи ќуд на ѕвер туку јад и болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Збиваат и се демнат, никако да стасаат еден до друг. Под нив е кал и неродна мртвица, плазика во која ни мравка не живее, над нив се протега глува ноќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можеме да се вратиме, велиме и само збиваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Збивал, збивал, одвај душата си ја зел од пусти страв што беше превидел од држењето на Велка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Збива некоја и друга минута, испружена крај јаслите во сламата, и кога веќе падна и уложјето од неа, сети дека опасноста на половина е помината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само збива ко коњ, испушта пареа и ни напред, ни назад, нема понатаму одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Збиваат децата, им горат обравчињата од трчање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ритмички збиваа. и оддалеку ќе можев да видам дека ноктите им се издолжуваат, и на нозете - врвовите на жолтите чевли со контички шари и дупчиња се отвораа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зборуваме и збиваме, обете наеднаш зборуваме: си ги покриваме зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе