збирен (прид.)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Збирното траење на овие два сукцесивни процеса за исто фактичко прашање, пред Основниот суд Скопје II, беше околу девет 40 години – со две негативни првостепени пресуди кои беа обжалени, па со повторно враќање од Апелациониот суд Скопје на ново судење, за да конечно третиот пат добијат позитивна пресуда во нивна корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И четврто, со ЗПЗСО е утврдена обврската работниците да ја известат Управата за јавни приходи доколку работодавецот не им достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси во рок од 15 дена од денот на исплатата на плата, дел од плата, надоместок на плата и друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај до 15 февруари наредната година (чл. 22).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)