згужва (св.)
Догорчиња од цигари, згужвани мисли на подот и пластична насмевка, извиткана од пречеста употреба.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Имаат испеглани алишта и брчки но одвнатре се згужвани.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
„Ќе дојде, ќе дојде, сигурно сум ги помешала деновите, вели бабата и ѝ подава згужвано ливче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Самозапаллива
свеќа
- за да не можеш, а да не догориш
свечено.
Веќе си
згужвана
згмечена
стуткана
хартија
- тутурутка.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)