зима (ж.)

Во ладните скопски зими нѐ носеше на скопското лизгалиште на Кале.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Мораме, - рече, - Ѝ ветив зимата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не можам да раскажувам за деновите на зимата. Нестрплив сум.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мајка ми ја измолкна една зима од под сламарицата и ми ја навлече врз другите алишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кацига прекрасна, на моторот има, да ја носиш Давиде, во лето и зима.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И правдата и зимата и поезијата и возовите и ноќта и реките...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Разбирливо можев да претппоставам дека околу џиновскиот морков во таа зима се насобрале зајаци од сите краишта на Европа или само од скараните балкански земји.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зимата го подели денот на зеленика и снег под сивото небо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ако почне од средината и зимата ќе биде в среде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Краток ѝ е здивот на зимата во марта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не можевме ни насоне да претпоставиме дека тоа е последната зима од нашето време со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниедна зима порано не ја зимувал така лесно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе