зошто (прил.)
— Кажи, вели. — Зошто мојот маж е отстранет од теренот?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зошто, бре, не ме погоди в глава? Барем ќе ме спасеше...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Зошто би можело да биде морето против вас? - се обидов да му дадам нов тек на разговорот по неизбежниот инцидент.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но сѐ уште не можев да разберам зошто токму заминувањето во Франција посебно ги возбудува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога веќе им паднала секирата во медот, зошто да не ?!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Можеш ли да сфатиш зошто сум бесна?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Кај си, бре“, вели, „што не излезеш?“ „Зошто да излезам?“ му велам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Па тогаш зошто бевме да го видиме?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Зошто одат толку луѓе да го видат?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Убавина на маката. Вечноста на творечката прелага. ... Зошто сево ова?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
- Зошто не му речеш на тато да те однесе на лекар, други очила да ти дадат - ја прашав подавајќи ѝ ги очилата. - Зошто де, од мукает, а и татко ти е зафатен.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Зошто? Го налути ли некој? - Не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Хаику безредија зошто 5-7-5 кога може и 7-5-7
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)