иглен (прид.)
Со многу среќа и многу вешто проникнувањето во мрежата на оваа светска тајна, можеш да се испресукаш низ “иглените уши“ преку кои се влегува во палатава.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Низ иглени уши ќе се провирам...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Осум месеци чмаам овде. Низ иглени уши поминав...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Промени неколку служби во разни држави, а својата цариградска диплома за завршени правни студии, со адвокатската лиценца, како низ иглени уши ја протинаше низ четри режими, односно минуваше четри граници: Ататурковиот во нова Турција, монархискиот на кралот Зогу, окупаторскиот на Италија и социјалистичкиот во Југославија.
„Граница“
од Луан Старова
Небаре низ иглени уши вдишува, издишува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)