изворник (м.)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Освен тоа, во дел од кириличните споменици се појавуваат глаголски букви, што укажува на фактот дека истите се препишувани од постар глаголички изворник.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)