изнакупи (св.)
Со 100 динара ќе идеш да изнакупиш блок чоколадо, кило банани, 2 сладоледа и ќе ти остане кусур.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Што ткаенини изнакупив, она вермеле со црна основа, кошулата со црвен и срмен вез, ќилимите со шара долапи за големата одаја...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од врвкари врвни... Од врвкари врвни врвки изнакупив.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)