изнасилен (прид.)
Настојуваат да ја испразнат душата на посетителите со изнасилена вербална екстаза.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Поништен документ.
Се враќаш таму кајшто
смеата е изнасилена
хуморот црн
а слободата
згазена
небаре догорче
на споредна
и слепа
улица.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Голдштајн го изговараше својот вообичаен отровен напад врз доктрините на Партијата - напад толку изнасилен и перверзен, што дури и дете можеше да го проѕре, а сепак доволно веројатен за да го исполни слушателот со неспокојно чувство дека другите луѓе, на пониско ниво од него самиот, би можеле да му поверуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И еве, Луан Старова, македонски државјанин од албанско потекло, е вистинскиот претставник на балканскиот соживот и на балканската отвореност, човекот кој во текот на целиот свој живот го инкарнира балканското братство без каква и да е етничка затвореност, спротивставувајќи им се на ексцесите на идеолошката апстракција, подеднакво спротивставен на изнасиленото етничко и религиозното однесување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Ха, - повтори сега, исправен. Се вживуваше во својата ролја и веќе немаше ништо изнасилено во неговиот глас.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)