изумре (св.)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во тоа време беше фатила општа епидеммја по децата во селото и многу од нив изумреа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А таа кутрата, со непогрешивиот инстинкт да ја одржи рожбата, јасно и природно му рече дека може да се случи да изумрат децата додека дојде денот „Д”!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Чаршиите изумреа, дуќаните запустеа - пропадна, сичко прокопса занает златен - 'рѓоса
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ако венчаваа тие за половина лира, тој земзше бела меџудија, ако свртат тие на српски пари — десет динари, тој венчаваше за пет итн. се додека тие изумреа без наследници, та си го поклопи целото село од двесте куќи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
3. Сами изумреле како диносаурусите. Оваа теорија некако ми е најверојатна.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка ми веднаш се замеша: – Белка, да ни е вечно бел денот, ни дојде како божји дар, Сталинка ни дојде кога го родив последново чедо. Ми изумреа повеќе деца...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Моите изумреа, ми остана фармата, голема и само за мене, далеку од Мелин.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Да живее новиот шитски поредок и петтата колонија Суруш - извика Дулитл - Шитскиот поредок ќе живее, но шо ќе праиме ако цела раја ни изумре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А за дедот Петка и ова добро дојде оти додека многу од истераните селани гладуваа, а некои дури од глад и изумреа, тој имаше барем леб за себе и за внучињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Изумреле луѓето, остареле, им се разводни паметењето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се одродив од сите, најблиските ми изумреа, сега сум јас како некоја девојка која не се омажила навреме и гледа кој било да го земе само да не остане немажена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)