ика (несв.)
Ние ги подаваме главите: подзинуваме, и ждригаме, икаме од виното, од јадењето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пуста Оливера, си велам, којзнае како ика дека ја умам?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Јас не икав, па и не јадев, тоа е самата моја природа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Ох-хо-хо-хо!“ „Ах, тој повторно ика!“, се слушна гадливиот и надмен глас на раздразнетата дама како од високо општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)