импровизација (ж.)
Тоа не беше лесно. Беше потребна голема моќ на расудување и на импровизација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таму ги моташе своите цигари од кафеава хартија, читаше од здодевната книжевност достапна на ранчот и си додаваше импровизации на песните од репертоарот кои ги пееше извонредно експертски на гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Музичарите го следеле од соба во соба, и секаде се барало од Бах да ги испробува пијаната и да свири композиции со импровизации.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој тргнува со својата програма без никаква проба, а газот сето време му дофрлува свои штосеви и импровизации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уште од блескавите почетоци во светот на театарот, тој изненадуваше со своите непредвидливи импровизации.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тавел, не пишуваше класични сценарија, туку смислуваше ситуации кои ќе предизвикаат инцидент, односно предтекст којшто на протагонистите ќе им даде самодоверба и истовремено простор за импровизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На тој начин градот остануваше само на својата архитектонска димензија, а и тука импровизацијата и волјата на моментот ја беа диктирале „естетиката”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нема веќе време за одложување импровизации, за „ќе биде“.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Сиот изглед потсетуваше на модернистичка импровизација а вакво нешто не сретнав на ниедно друго место во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)