интелигентен прид.

интелигентен (прид.)

Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оттука е јасно оти ако новото течење и не добие некаква поддршка од многубројната интелигентна македонска колонија во Бугарија, пак ќе се развива, само ќе се развива веќе како течење насочено специјално против бугарските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но новото течење среќава и ќе среќава најдобар прием уште во неговиот зафаток и кај најдобрата, најинтелигентната и непродадената македонска интелигенција, како и што е резултат на умствениот и моралниот развиток на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Организацијата треба да бидат сосредоточени најдобрите интелигентни сили во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не само таму што се силни, туку и одовде кога ќе јурнат сите интелигентни луѓе, каков колорит ќе ѝ дадат на земјата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Всушност не беше којзнае колку интелигентна, но парите од татко си го сторија своето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Него го знаат мнозинството членови на Партијата, а особено сите оние кои се интелигентни исто колку што се и исправни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе спомнатиот Вуди Ален вели дека уметноста е привилегија на интелигентните и образованите, но кога луѓето полесно ќе се разбираат, таа би се претворила во разбирливо сознание на светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа беше победа на смелоста на митрополитот, на неговата интелигентна тактика, но и на неговиот дипломатски дух, со кои, беше уверен владиката, небото ненадејно го обдари поради неговите услишени молитви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понатаму, имаш интелигентно обмислени начини кои што даваат информации во врска со пишувањето на буквата, имињата кои што започнуваат со неа...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Премногу е интелигентен. Гледа премногу јасно и зборува премногу отворено. Партијата не сака такви луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сакав да вреснам со својата циничност верувајќи дека цинизмот и духовитоста им е својствена само на интелигентните луѓе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите тајни работни досиеја беа мошне лаконски, најчесто со ознаката општествено инертен, но интелигентен, коректен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе