интензитет (м.)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таквите врски секогаш го намалуваат интензитетот на извршувањето на работните задачи и ја поматуваат објективноста во работата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Имено притисоците не стивнаа и натаму продолжуваа со несмален интензитет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поседуваше волшебна насмевка од која бликаше невидена благост и темни бадемести очи од кои најчесто зрачеше силен интензитет и добрина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Климент Камилски прв сакаше да предложи листа од сто најопасни турцизми во балканските јазици со османско минато утврдувајќи според интензитетот на опасноста сукцесивно да се разгледуваат, збор по збор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Проблемот со клавичембалото бил во воедначениот интензитет на звуците кои ги испушта; на него не е можно некои ноти да се свират погласно од други.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јасна илустрација за ова е фактот дека хистеријата расте во интензитет колку е повисоко општественото скалило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Извичник (!)
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
И покрај тоа, продолжувањето на војната против дрогата, макар и со послаб интензитет, секогаш одново би ги генерирало сегашните проблеми. Доколку хероинот остане забранет, бројот на кражби и понатаму би останал висок бидејќи зависниците и понатаму би краделе за да можат да дојдат до пари за задоволување на својот порок.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И така, страсниот човеков порив да најде соодветна форма за надворешно изразување на чувствата – форма што би одговарала на тие чувства и што би била сосема сразмерна со нивната величина и со нивниот интензитет – е целосно заблуден, деструктивен и предосуден на пропаст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Филмот е исто така и најкамелеонската уметност, способен да ја симулира стварноста со веризам и сугестивност слична по интензитет на онаа што ја доживуваме при сонувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Состојбата ѝ ја изостри свесноста за интензитетот на животот околу неа, за чудото и предвременото зреење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Да, да, - ја прекинуваше мајка ми со ист интензитет на гласот, - многу е умен, и убав е да го видиш, висок, згоден, личи на нашиот сој!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Знајш шо, тато, ти мисли и зборвај шо сакаш, јас не се мажам без љубов.“ рече Томето со силен интензитет во гласот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За мене, најзначајниот вид искуство со ЛСД е можноста да се постигне поголема свесност за разноликоста, длабочината и интензитетот на искуствата кои ги предизвикуваат безбројните стимулуси што се јавуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)