иселен (прид.)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Падна на ридот, еден штрк сонува брегови зелени. Му сѐ привидува дека е пак со јатата иселени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Според магиската формула според која кажаните зборови оживуваат, Петре Великанов ќе ги најде своите деца и внуци иселени во Австралија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сега, кога ти раскажувам за ова, ми проработува бубачката и ме прашува: - Зошто се правеше тој метеж во умовите на иселените и раселените од ист корен?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А чија е заслугата што тој ист народ остана ограбен, иселен и растурен по светот?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)