исказ (м.)
Негде на пресечната точка на тие два исказа треба да се бара тајната и противречна иманентна поетика на нашиот автор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Теоријата тврди дека лингвистичките искази имаат смисла само кога можат да бидат корелирани со стварните состојби на нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со истата казна ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Навистина токму овој нејзин исказ ме исфрли од рамнотежа иако слушав внимателно а притоа се трудев моето внимание да не личи на зјаење во празно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главниот став на оваа Витгенштајнова теорија е дека мора да постои некаква врска меѓу логичката структура на некој даден јазик и логичката структура на некој факт од реалниот свет на кој се однесува исказот на тој јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во таа теорија на слики Витгенштајн тврди дека исказите од кои е сочинет јазикот се аналогни на низи од слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
212. Точката е интерпункциски знак кој се бележи на крајот на расказна реченица (проста или сложена) или логички напишана мисла што претставува целина и ја пренесуваме како реченица: Таа ми раскажа еден сон. – Наум беше буден пред да ѕвони будилникот. – Девојката се смееше гласно. – Ракометарите го постигнаа најголемиот успех досега. – Надвор врне. – Нам малку ни треба за среќа. – Димитар ќе остане дома, а ние ќе одиме на свадба. – Кога ќе наближеше до аргатите, тие секогаш ја забрзуваа работата. – Никој не знае каде отиде момчето. – Влегoa во автомобилот за да не ги наврне.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
И не гледам зошто би го менувал тој исказ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако во исказите на одделни сведоци или осомничени, односно обвинети, дејствијата или ситуациите се различно прикажани, реконструкцијата на настанот, по правило, посебно ќе се изврши со секој од нив.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, исказот „Цут рози во се црвени и пролет” е бесмислен во рамките на логичките правила (граматика) на обичниот македонски јазик затоа што не соодветствува на каква и да било состојба што може да се набљудува во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Судот може да определи прекин на постапката кога одлуката за тужбеното барање зависи од тоа дали е сторен прекршок или кривично дело за кое се гони по службена должност, кој е сторителот и дали е тој одговорен, а особено кога ќе се појави сомневање дека сведокот или вештакот дал лажен исказ или дека исправата употребена како доказ е лажна (чл. 201, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ниту гласот на Агна, кога го открива наличјето на Симоновите искази, ниту директно спротивставениот глас на историчарот Владе, потомок на противничкото семејство на Симоновите предци, како ни гласовите на селаните, не можат да се прогласат за сигурни и релевантни сведоци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)