исклучи (св.)

Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Синдикатот може да бара од надлежниот суд да забрани исклучување од работа за време на штрајк, спротивно од одредбите на закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи Османите го донеле барутот на Балканот? Може и така да се рече, но и други претпоставки не би можеле да се исклучат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Топлата вода потполно се исклучува, а одржувањето на хигиената останува само нешто што постоело во минатото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа подеднакво го исклучуваше богатото наследство на осамена баба, како и загриженоста за неговото отсуствување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но моите замисли одеа во прилог на државата Тунис, но кои не ги исклучуваа и моите амбиции за самодокажување, наложување, излегување од просечноста, со која бевме главно класификувани амбасадорите од малата Република Македонија во југословенската федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прашање е со колкава веродостојност и објективност, зошто не можеме да ги исклучиме емоциите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таквото насочување на народното стопанство ја исклучувало можноста за создавање на месна индустрија што би ги апсорбирала домашните суровини и во исто време би произведувала за домашниот пазар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш се исклучи можноста некој да поткажал. Владееше свето братство меѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговите сознанија не ја исклучуваа можноста дека Ниротакис Алимакопулос е вклучен во организираната акција на јужниот сосед за нелегално испраќање кај нас мигранти од Африка и Азија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе