испасе (св.)
Ја познаваше од видување. Беше тоа една стара испасена ледина, со патека што се извиваше преку неа и со по некоја кртечина овде онде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И знам: во писмото лежи ампула од пренежно стакло - а) ќе прсне б) ќе ме удри в ноздри испасување на отров, в) ќе ме собори.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Откоа виде оти сите ќе 'и испасам и пак дома ќе му 'и донесам, и како што му 'и донесов, прати сина си тебдил да ми купи еден за да ми се скусат зајаците, арно ама откоа му зедов многу пари на сина му, му дадов еден зајак, арно ама му удрив и еден муур одзади на бутот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откога се вознесува Големиот Пророк Свети Илија, со својата огнена кочија, со пар прелесни огнени коњи, шета по својот македонски мафта со буздованот бркајќи ја ламјата, за да не ги испасе житата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како што викнаа: „Дојде брат ти Анѓеле“ ја оставивме нивата уште за малку недожниена. Ќе ја испасат ајвани.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Не! Твојот коњ ми ја испаси ливадата! - се прчеше вториот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)