исплатен (прид.)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако биде вработено на неопределено време невработено лице кое е корисник на паричен надоместок во случај на невработеност, тогаш работодавецот може да биде ослободен од плаќањето на придонесите, но само ако не ја искористи поволноста од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност да му биде исплатен неисплатениот дел од паричниот надоместок на невработеното лице кое е вработено (чл. 73, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, доколку просечната исплатена месечна нето плата во РМ за месец ноември 2009 година била 19.918 денари, 9 а согласно ЗИПРМ пред измената од 2008 година, минимумот што можел да го исплати работодавачот како просечна месечна нето плата изнесува 12.947 денари.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Пекол на Рајските острови: иако на наследниците на првиот колонизатор, едноокиот гусарски капетан, Џон Џонс, наречен „Џонс Крвопиец“ им е исплатено 23 долари како надомест за сопствеништвото на поседот, референдум е сепак неопходен – дали 35-те корални островчиња ќе бидат присоединети кон својот голем сосед, од чии брегови го делат 1500 километри или ќе го задржат досегашниот независен статус?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имено, правното лице на кое се однесува овој закон ги исплатува нето платите за април 1992 година и натаму најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник за март 1992 година зголемена за 30%, а за правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството и градежништвото, зголемена за 35% (чл. 3, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понатаму, со ЗИПРМ (1994), беше предвидена можноста регресот за годишен одмор да биде исплатен во два дела.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година Со измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година дојде до промена и преформулација на некои одредби во законот поврзани со остварувањето на права од работен однос на странци во РМ. 4. Просечна исплатена нето плата по работник за месец февруари 2010 година според Државен завод за статистика. 119 Во поглед на дефинициите на поимите дојде до две важни промени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со новиот закон се воведоа и побарувања на стечајните доверители од повисок исплатен ред, а во однос на кои се рангираат стечајните доверители.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Согласно ова, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за повредите при работа кои што работникот ги претрпел кај должникот, како и за професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година (чл. 117).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)