испружен (прид.)
Некаква необјаснива сила ме влече кон неговата испружена дланка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Со испружена рака да ја симне етикетата од шампонот?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со испружени кажипристи, притоа не допирајќи ја рисунката, покажуваат што е што и кое кое е.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стражарот со испружена пушка, збунет И збркан, е готов да ја прободе невидливата опасност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се врати наназад, се потпре на испружените раце, со широко отворените бутови силно притисната на мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А едно утро и неа ја најдоа мртва испружена покрај каменот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)