истера св.

истера (св.)

Нѐ истерува од нужникот, ни тропа на главата, по плеќите, нѐ удира кај ќе нѐ завтаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште повеќе се вкопа во земјата и чека и не може да ја истера лошата и злокобна мисла. Се залепи како лишај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да ми е подобро пиењето без нив или ќе излезам или нив ќе ги истерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Језуитите се истерани тукуречи од сите европски земји затоа што ја експлоатираа народната совест.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седна со нив, и кога келнерите со тешка мака ги истераа на улица, го оставија зелениот во некој влажен двор и ја одвлекоа блондината во малото сопче на браќата влечејќи го со себе и мирисот на лутата мастика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега, кога зборувам јас за истерувањето на пропагандите од Македонија, за примирувањето и обединувањето на македонската интелигенција и народностите, може некој да си помисли оти тоа обединување ќе ни помогне да се постигне едно општо востание што ќе има поголем успех.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонците ги истераа од домовите... Војна е!... А јас сама жена..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А јас ги силам другачките, им подвикнувам да истераме повеќе од нивата дури не ни дошла сенката под петици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Истерај чинам една низа куршуми и потпикни друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае како да ме истера од дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога Господ го истерал нечистиот од рајот, тој почнал да ги наговара дрвјата да му пристапат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Некој шрапнел беше ѝ го истерал окото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Солунските атентати властите решиле да ги исползуваат како повод за да истераат, по можност, што поголем број македонско население од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои прачиња ќе ни ги истераат очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од гимназијата беа истерани Евреите и Србите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Свирењето на штурците ми доаѓа како ѕвонење на стадо, истерано на ноќна испаша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе