истури св.

истури (св.)

Сигурно ќе нѐ истурат в море, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Каде тргна, Спасио?“ „На река“. „Што така“? „Да поработам со пиралката. Да ги истурам ако може горчините“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во таа шаховска табла 50 проценти од фигурите се пиони секогаш истурени напред и жртвувани од своите налогодавачи кои се наоѓаат позади нив и се чуваат за завршната битка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По малку беше застрашувачки тоа што од потокот звуци што се истураа од неговата уста, беше речиси невозможно да се разбере ниту еден збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застаната пред твоите испишани редови како да стоев сред продавница за слатки, во која пред мене истуриле голема кутија сјајни и шарени бонбони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се заматува ко истурена млечна помија и ми ги закрива очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куќата што ја изнајмивме беше двокрилна со долга авлија и со големи истурени чардаци, од кои убаво се гледаше Езерото и реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се истурија неколку бомби и разна муниција за револвери и шмајзери.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но за возврат татко му истури цел заграб снег врз него.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Фалбаџијата падна на земја како нешто од вреќа да се истури.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете што значи кога во нешто ќе се истури благослов.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повеќе