исчекори (св.)
Само како да исчекорам до таму.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас немам такви амбиции, но немам ниту намера да исчекорам од мојот став дека кај нас, ако не те прогласат за мртов, не стигаш никаде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Како да исчекорам кога од оваа кал никако не можам да излезам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кој не го знаеше тој завалија...“, рече Никола некако нервозно, чиниш лут самиот на себеси што го спомнал Брзакот, што исчекорил од својата прикаска впуштајќи се во деликатен дел кој би можел Сврделот да го прикаже поврзан со убиството на Граматниковски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И нешто дамнешно, божем непресушливо, силно исчекорува од мене и преку реката, на коњот, низ шумата... и среќни – и јас, и ти и визбата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Го вратив погледот на време да го видам како експлодира. Плејбекот на едно целосно сеќавање го покажува Ралфи како исчекорува напред додека малиот техничар излегува од никаде, смеејќи се. 92 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Баба Севда се појави на портата. Исчекорувајќи од портата на улица, погледна нагоре и надолу по улицата и се сврти кон портата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Високите потпетици им се кршат на новите дами штом ќе се обидат да исчекорат од своето време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)