исчисти (св.)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Цели железнички композиции не би биле доволни германските музеи да се исчистат од тој шунд.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тргнавме а бришачите не можеа да го исчистат дури и снегот од шофершајбната.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Небото се исчисти и се облече во чиста проѕирна сина облека.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ти си петно што мора да биде исчистено. Зарем не ти реков пред малку дека ние се разликуваме од прогонителите од минатото?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Срцевината на јаболките му била непотребна и тој ги исчистил јаболките во нашата соба, а срцевините ги фрлил во корпата за непотребна хартија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ми ја исчистиле раната, ми ја закрпиле и ногата ми ја ставиле во гипс.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дувнуваше со устата за да ја исчисти.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Ве молам бидете внимателни и сериозни. Не заборавајте да си ги исчистите чевлите!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не заборавајте да си ги исчистите чевлите, да си ги исечете ноктите, да си ги исчеткате алиштата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Првин треба да се исчисти снегот, а снегот висок до пазуви.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„ Ќе ја симнам еден ден и добро ќе ја исчистам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во собата горе го оставив на масата. Беше рѓосано. Зедов крпче и го исчистив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Исчистени, одбрани парчиња лето ставаме во туршија, витамински додаток во зимската чинија подгреан оптимизам.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)