итар прид.

итар (прид.)

Сѐ беше итро смислено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А итрата лисица сѐ по неговите траги газела. Е чекај, ќе видиме, итрице!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Колку што е доброќуден и наивен кога купува толку е итар и расипан кога си продава самиот на себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој прво сакаше да излезе поитар и да мине некако инаку, но кога виде дека не може, им подвикна на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Итриот Ерменец има причини да биде спрема него повеќе од учтив одошто е потребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој итро го одложуваше викањето такси, со цел што подолго да разговараме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и ѕвонливиот кикот на итрото ангелче; само некои сини, проѕирни вертикали, ѕунливи како трепетливите струни на носталгичното чембало, се извишуваат пред моите дремливи очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Освен што беа претпазливи и итри, тие ни за ронка не беа поинтелигентни отколку кога беа пиленца, стари само еден ден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ѝ поставаше итри иследнички прашања, штикови завртени кон неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со себе си): Види го ти него копил, и јас Грк, ама и тој погрк! (седнува прилепен до Николакија и со смеење): Бре, само што те нареков кир Николаќи и стана итар како мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите велеа дека се добри луѓе, а бе итрите кај можеле да бидат добри?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе