кавга (ж.)
Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Често доаѓало до кавги и тепаници...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Слутам дека адвентистот и мандолината веќе не ќе имаат причина за кавга. Богоугодно дело за човечки мир.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А тој многу бегаше од пусти кавги.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа што нам ни личеше на кавга меѓу татко и син всушност, беше преиспитување на нивните сили во раскажувањето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но во тој момент општото очајание се разби во мноштво од индивидуални кавги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кавгата беше за кредитот кој го зема. Дваесет илјади денари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Така се направија два противнички табора. Четниците се насобраа и ги слушаа кавгите, та и тие се накострешија едни на други.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Меѓу викотниците се чу дека некој тргнал да јави за кавгата во полицијата во Лерна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И на крајот од погоре изнесеното, да заклучиме: ако немаме публика или имаме, ама само замислена, сѐ што ќе сакаме да си кажеме полемизирајќи си, карајќи се да си го кажеме тивко, со шепот за да не ни се чудат оние што пред објавените кавги или полемики не знаеле дека постоиме.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Којзнае колку ноќи пробдеавме фатени така во кавга?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Балканските кавги за минатото ја жртвуваат иднината на народите!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Влегував и во кавгата како и во сите оние други нешта што ни ги наметнува во животот нашата нарав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)