кае (несв.)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Марије млада невеста промискуитетна и нечесна сеуште мажи шармираше а висок морал пропагираше Везден нокти лакираше со свекрва очи си вадеше до ова да дојде немаше да мислеше дур се ебаваше Сексот и градот го гледаше и ретко алишта пеглаше во бракот што влезе се каеше ни јајца да спржи не знаеше
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Поведението на бугарскиот народ кон руската војска и на бугарската интелигенција кон руските власти и дипломати беше такво што Русите илјада пати се каеја за своето занесување со „братушките”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нервозно и скинато расправав и забележувајќи млака иронија во насмевките на пријателите, се каев и ја колнев во себе својата неуверливост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Врати се, врати се, будалче! Ќе се каеш, целиот живот ќе се каеш, твојот детински ум те носи во уште поголемо зло, несреќно дете, малечок Леме!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Зашто многу ретко своите зборови ги ставаш на кантар. Ти прво ги кажуваш, а потоа се каеш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Се кајам, - ги солзеше очите Васе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Извини“, прошепотев, упатувајќи ѝ еден кучешки поглед на каење. „Не знаев.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Уште додека ги изговараше тие зборови, од изразот на неговото лице видов дека се кае за она што го кажува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имаше некаков израз на тага на лицето на Сем, продлабочен со каење и проткаен од трпеливото простување на познајникот кој не можеше да биде разбран.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тие солзи Томо го прочита сето нејзино каење. Нејзината младешка незрелост и избрзаност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ова, за наликувањето, не го реков со лоша намера туку бидејќи ти заблазнувам“, објасни како да се каеше Огнена и со насмевка на виновност побрза да си ја прибере раката од коленото на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се каеш, ама све ти е јасно – тоа другарите од Македонија си играат со вуду чоече, напраено у твоја част.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И овие сите паѓаат на земја, удирајќи се со тупаници в гради, во знак дека се каат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А Белото јоргованче тагуваше и длабоко се каеше што не го послуша своето другарче, Синото јоргованче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)