калдрма (ж.)
И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се влечеше по калдрмата додека зад него остануваше танка и влажна нишка пламен на зол вепар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На влажната калдрма беа фрлени чинки на мижуркави есенски светилки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На калдрмата од сеќавања ме спрепнуваат празнините од камените коцки кои ги извадив зашто ми ги глочкаа мисливе.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Калдрмата на мртвата улица беше покриена со жолт матен превез, беше стисната меѓу два реда кулиси.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Трчаме по една уличка, а до половината од калдрмата е истурена стока од бакалите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сенките тогаш безволно се влечеа по луѓето, се тегнеа или се грчеа на калдрмата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Двајцата чекорат по нерамната калдрма и молчат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Затоа секој ден ја газев нејзината калдрма.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Меѓу калдрмата овде-онде имаше дупки нечиста вода.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Двете другарки кокетно извивајќи ги своите тела, скокајќи од камен на камен по турската калдрма стигнаа во дворот на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се извиваат голи ветрови фатени во мрежата на улицата и немаат залет па притиснати од тешките облаци ја стружат влажната калдрма, претпазливо лизгајќи се низ млаките барички.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Си ги исплакнував очите надве-натри, ги земав дисагите на рамо и ги пуштав недоразбудени нозете надолу по калдрмата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)