калиште (ср.)
Траги од стапалата по германските калишта од долниот тријаски период.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Низ студени, низ страшни води, низ калишта, низ трње.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дождовите не престануваа, каде и да зачекореа, луѓето мислеа дека ќе се издаваат во калишта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ами како - наземи ќе плуеш, синко мајчин. Ние како сме спиеле по патишта и по калишта?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во прво време оти се совпадна со откривањето на здрвеното тело на старецот во вагонот, таа нападите на повраќање ги поврзуваше со мислата дека можеби е најдобро да му се придружи на некаков начин на старецот оти нема да биде грев ваква изгнасена вистински да се загуби во есенските калишта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Заборавив да спомнам: Стариот писател Зрновски, барем според она што го рече, дошол да ги оправда нив двете но и понатаму ме уверуваше дека во моментот кога ќе ги прифатиме како вистинити приказните што ги создава расипаната фантазија или очите на поттикнувачите на злото кои за жал напати умеат да ја преземат улогата на нашите очи, животот се престорува грдо калиште.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)