камоли сврз.

камоли (сврз.)

Ех, ништо, му велам јас, ништо не можеш да донесеш ни на раце, во најлонче, а камоли со трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А камоли засекогаш да дојде да живее тука кај нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без ближен човек и среќата не ти е ближна, а камоли несреќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Исто така беше сигурен дека таа никогаш повеќе нема да сака ни да се сретне со нив. А камоли да живее во исто семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој на Бошка му изназборе толку, што овој ни глава не можеше да крене, а камоли да си ја каже маката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се плашам да погледнам надолу, во водата, а камоли да скокнам и да пливам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Втренчено гледав и не можев ни плувачката да си ја проголтам, а камоли нешто да сторам, да изустам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како може некому воопшто да не му е чудно, а камоли смешно, кога ќе му кажеш дека твоето име е име на дрво?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тешко беше и брат со брат да се договорат за поделба на нива, а камоли 2 миљона терсене луѓе да ги дотераш у ред.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Раката потклекна, и сфатив дека не можам да убијам ни од сочувство, а камоли од омраза!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе