кандидатура (ж.)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
— Јас сум против кандидатурата на Небеска, вели Зисо Делевски, командир на народната милиција за Костурско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднодушното решение на делегатите да ја поддржат кандидатурата на Рузвелт, кого Американците од словенско потекло го гледале како приврзаник на зацврстувањето на американско-советската соработка, претставувало најконструктивната акција на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)